Цели и задачи
ЦЕЛ:
- Основна цел е остварување на најголема можна хармонија во самиот себе, како и со поблиската и пошироката околина. Тоа подразбира здравје и виталност на телото, сексуално здравје*, емотивна стабилност и благосостојба, ментално здравје, како и активен и одговорен однос кон пошироката општествена заедница.
* Сексуалното здравје како што е дефинирано во Светската Здравствена Организација (WHO) на ООН и прифатено од Светската асоцијација за сексологија (WAS).
ЗАДАЧИ:- Развивање на свеста за вистинските потреби, предиспозиции, вредности и потенцијали на сопственото битие (вклучувајќи ги телесните, сексуалните, емотивните, менталните, социјалните и духовни потреби, предиспозиции, вредности и потенцијали).
- Освестување и овладување на уште неоткриените способности во човекот.
- Примена на стекнатите знаења и способности во активностите на сопственото секојдневие заради подобрување на квалитетот на својот и на животот на околината.
- Трагање по нови техники на духовен развој, како и користење на постоечките, а пред се, на интегралниот систем на комаините спиритуални методи и сексолошки методи.
- Поддржување на духовните настојувања и на единството на сите луѓе со добра волја, без оглед на нивниот пол, националност, вероисповест, општествен статус, расна припадност и.т.н.
- Популаризирање на духовните настојувања и истражувања и на нивните резултати во јавноста.
- Поттикнување на разни активности кои го афирмираат здравиот живот и животот во склад со природата
- Подигање на нивото на свест за сексуалната култура, едукација и сексуалното здравје
АКТИВНОСТИ:
- Создавање на секции што ќе се занимаваат со разни подрачја на духовната теорија и пракса (со посебен акцент на тантричката, односно сексолошката едукација, истражување и терапија).
- Одржување на курсеви, работилници, семинари итн.
- Организирање на јавни предавања, трибини, саеми и сл.
- Креативно изразување на духовното низ поетски вечери, театарски и танцови претстави, концерти, како и организирање активности чија цел е унапредување на квалиетот на животот низ еколошки акции, љубовно-еротска терапија и слични проекти.
- Издавање публикации со соодветна содржина.
- Настапи во средствата за масовно комуницирање.
- Соработка со друштва, организации, групи и индивидуи од земјата и од странство кои имаат сродни цели.
- Во согласност со Универзалната Декларација за сексуалните права на Светската асоцијација за сексологија (WAS), организирање активности во јавноста за заштитата на сексуалното здравје како едно од темелните човекови права, како и развој на здрава сексуалност како еден од основните предуслови за телесно, душевно и духовно здравје и хармонија.
- Организирање едукативни сесии, работилници, семинари, трибини, дебати и други активности со цел за воведување сексуална и љубовно-еротска едукација во образовниот систем во Македонија